Испечатете ја страната

Известување за лига во дисциплина „фидер“

12 Јан 2023
2243 пати

Почитувани колеги

Чест ни е и задоволство да ве известиме дека од оваа година се воведе уште една спортска дисциплина под закрила на Македонската Риболовна Федерација.

Минатата година беше формирана посебна комисија за Фидер риболов која организираше државен куп во оваа дисциплина и од оваа 2023 година започнува и лига натпревари во техниката Фидер .

Би сакале да ги известиме сите здруженија, членки на Македонската Риболовна Федерација, да ја пренесат информацијата до своето членство, да ги запознаат со правилникот и календарот за Фидер натпреварите за 2023 година и секако доколку има заинтересирани риболовци кои сакаат да се натпреваруваат во оваа дисциплина, да се пријават навремено како би можеле навремено и квалитетно да ја организираме истата. Календарот и пропозициите може да ги видите подолу.

Пријавувањето е до 10.02.2023 година.

Со надеж за поголем одзив од риболовците, Комисијата за Фидер риболов ви посакува среќни празници и Бистро на вода.

Со почит,


Председател на комисија за Фидер риболов
Спасовски Мартин

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ПРИЛОГОТ: