Програма за Прва Спортско-риболовна Лига 2024 дисциплина Пливка категорија Сениори, У-25 и У-20 за Трето и Четврто коло

22 Апр 2024
251 пати

ПРОГРАМА

 

за Прва Спортско-риболовна Лига 2024 дисциплина Пливка

категорија Сениори, У-25 и У-20

за Трето и Четврто коло

 

 

            Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за Спортско-риболовни натпревари за 2024 година, ја објавуваме програмата за Трето и Четврто коло од натпреварите во Првата Лига дисциплина Пливка.

 

Организатор на натпреварот: Македонската Риболовна Федерација и Натпреварувачката комисија за дисциплина Пливка.

                       

Место на одржување: Тиквешко Езеро, патека Модри Стени

Термин:  27.04.2024 (сабота) –  Трето коло

                 28.04.2024 (недела) – Четврто коло

 

            Право на учество во Трето и Четврто коло од Првата Лига имаат сите екипи во категорија сениори и сите поединци во категорија У-20 и У25, кои учествувале во првите две кола.

           

            Сите РЗК што ќе се пријават за учество во Првата Лига во конкуренција Сениори, задолжително  мора  да пријават и најмалку еден натпреварувач во категориите У-20 или У-25.

            Право да пријават свои натпреварувачи за оваа лига, имаат и РЗК кои немаат екипа во сениорска конкуренција, доколку навремено се пријават и ги исполнат пропишаните обврски спрема МРФ. Бројот на натпреварувачи не се ограничува.

             

            За категорија У-25 натпреварувачот во 2024 да не полни повеќе од 24 години, а за  категорија У-20 да не полни повеќе од 19 години.

           

             Помлад натпреварувач може да настапи само во една категорија повисоко (У-25 во сениори, У-20 да настапи во У-25 и У-15 да настапи во У-20 категорија). Доколку натпреварувач од У-15 настапи во категоријата У-20 не го губи правото да се натпреварува на Државното Првенсто за У-15 и Купот Рибарче (може да учествува во својата категорија).

           

              Екипите се составени од 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач, еден натпреварувач (У-20 или У-25) и 2 (два) капитени на екипата. За утврдување на идентитетот, членовите на екипите задолжително треба да поседуваат Спортски легитимации за 2024 год. Сите натпреварували и капитени да носата обележја на своето РЗК, и да бидат истообразно облечени.

 

            На патеката се активни следните видиви риби: плашица, црвеноперка, карас, крап, сончарка, костреж, клен, попадика и др. Дозволено е да се ловат сите видиви риби без ограничување на големината.

 

            Во натпреварите од Првата лига, нема ограничување на риболовниот прибор и техниките на ловење, освен во категоријата У-20 каде риболовната трска не смее да биде подолга од 11,5 метри.

 

 

 

              26.04.2024. (петок) 08:00 – 18:00  Официјален тренинг.

 

Саатница за сениори:Подготовка 120мин

              27.04.2023 (сабота) Трето коло

                      До 07:15  пристигнување и пријавување на екипите

                            07:15 – 07:45  извлекување на стартните позиции

                            07:45-08:00  пристап до стартните места

           1 сигнал 08:00  влегување во стартните места

           2 сигнал 08:45  пет минути до контрола на прихраната и мамките

           3 сигнал 08:50  контрола на прихраната и мамките

           4 сигнал 09:50  тешка прихрана

           5 сигнал 10:00  почеток на ловењето риби

           6 сигнал 13:55  пет минути до крајот на натпреварот

           7 сигнал 14:00  крај на ловењето риби

 

Саатница за У25;Подготовка 90мин.

                      До 07:15  пристигнување и пријавување на екипите

                            07:15 – 07:45  извлекување на стартните позиции

                            07:45-08:00  пристап до стартните места

           1 сигнал 08:00  влегување во стартните места

           2 сигнал 08:05  пет минути до контрола на прихраната и мамките

           3 сигнал 08:10  контрола на прихраната и мамките

           4 сигнал 09:20  тешка прихрана

           5 сигнал 09:30  почеток на ловењето риби

           6 сигнал 13:25  пет минути до крајот на натпреварот

           7 сигнал 13:30  крај на ловењето риби

 

Саатница за У20;Подготовка 90мин.

                      До 07:15  пристигнување и пријавување на екипите

                            07:15 – 07:45  извлекување на стартните позиции

                            07:45-08:00  пристап до стартните места

           1 сигнал 08:00  влегување во стартните места

           2 сигнал 08:05  пет минути до контрола на прихраната и мамките

           3 сигнал 08:10  контрола на прихраната и мамките

           4 сигнал 09:20  тешка прихрана

           5 сигнал 09:30  почеток на ловењето риби

           6 сигнал 12:25  пет минути до крајот на натпреварот

           7 сигнал 12:30  крај на ловењето риби

 

     Во 16,оо часот соопштување на резултатите од Третото коло.

    Сатницата за Четвртото коло ќе биде иста како и за Трето коло.

 

Во 16,30 часот на 28.04.2024 год. соопштување на резултатите од Четвртото коло и конечните резултати од Лига натпреварите „Пливка - 2024“.Местото за доделување на наградите ќе се соопшти на извлкувањето за трето коло.

 

       За нејасни прашања обратите се до претседателит на натпреварувачка конисија „Пливка“, Борче Еленов.

 

       Судиската комисија ќе го одреди потребниот број на судии.

Ви посакуваме богат улов и БИСТРО

 

                                                       Подготвено од Натпреварувачка комисија – Пливка

                                                                                        Претседател,

                                                                                    БОРЧЕ ЕЛЕНОВ

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00