Програма за 3-то и 4-то коло дисциплина Мушичка

13 Мај 2024
90 пати

ПРОГРАМА ЗА 3-TО и 4-TО КОЛО ОД

ДРЖАВНА ЛИГА во дисциплина МУШИЧКА 2024

 

Организатор: Македонска Риболовна Федерација

Домаќин: ЗРСРК Рибар 2011 - Скопје

Термин на одржување: 19.05.2024

Место: река Треска (Скопска), во Сарај

 

Право на учество на лига натпреварите во организација на МРФ, во поединечна конкуренција, имаат сите натпреварувачи регистрирани во РЗК членки на МРФ, кои навремено го извршиле пријавувањето, имаат решение за вршење на дејност спорт од Агенција за млади и спорт, матичното РЗК да има уплатена членарина за тековната година на жиро сметка на МРФ најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на натпреварот на кој ќе учествуваат.

За фер и коректно спроведување на натпреварот Македонската риболовна федерација ќе ангажира доволен број на судии.

Судискиот колегиум ќе биде дополнително одреден.

Натпреварот ке биде во еден или два сектори, со извлекување на сектор и позиции за секој натпреварувач одделно, во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи. Патеката ја одредува натпреварувачката комисија за мушичка од МРФ.

 


 

ПРОГРАМА

 

 Недела,19.05.2024

 

7:30-7:45 часот - Пристигнување на натпреварувачите на предвидената патека

7:45 до 8:15 часот - Ждрепка за позиции за прво коло и подготовка на натпреварувачите

8:15 до 8:30 часот–Распоредување на натпреварувачите по позиции

8:30 часот - Почеток на првото коло од натпреварот

11:30 часот - Крај на прво коло од натпреварот

11:30       до     12:45       часот       -     Враќање       на     збирното      место, ждрепка на позиции за второ коло и подготовка на натпреварувачите

12:45 до 13:00 часот -  Распоредување на натпреварувачите по позициите

13:00 часот-Почеток на второто коло од натпреварот

16:00 часот-Крај на второ коло

  

 

Македонска Риболовна Федерација Натпреварувачката комисија за мушичка

 

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00