ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани, Македонската Риболовна Федерација ги поканува сите заинтересирани мушичари да се пријават на престојниот државен мушичарски куп “Шум 2015“, кој ќе се одржи на езерото Шум во близина на Струга на 05.04.2015 Пријавувањето и поднесувањето на документи за спортска легитимација е до 30.03.2015. Пријавувањето може да го вршите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку вашите матични здруженија. Подетални информации може да прочитате во Програмата за државниот мушичарски куп на линкот подолу. Бистро!
Почитувани, Ве известуваме дека МРФ ќе започне со издавање на маркици и легитимации за 2015 година во текот на следната недела. Во прилог е известувањето за легитимациите, како и единечен и групен евиденциски лист во ворд формат. Бистро!
Во Службен весник на РМ, бр. 194 од 25.12.2014 година, објавена е ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2015 ГОДИНА.Средствата од став (1) потточка 1.7. од овој дел се наменети за надомест на трошоци за физичка заштита на рибите во периодот на нивниот природен мрест утврден во риболовната основа и конкретно одреден во донесеното решение за забрана на риболов во период на природен мрест на рибите по одделни риболовни води, во период од 1 декември 2014 година, до 31 октомври 2015 година.

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ

30 Дек 2014
11026 пати
Македонската Риболовна Федерација на сите риболовци им ги честита новогодишните празници и им посакува се најубаво во новата 2015 година. Бистро!

IN MEMORIAM

25 Дек 2014
4275 пати
Ве известуваме дека нашиот мил и долгогодишен другар, член, секретар и претседател на ЗСРЕК "КРАП" Виница Гоце Петровски (Гишел) по кратко боледување почина на ден 18.12. 2014 година на своја 42 годишна возраст.

IN MEMORIAM

24 Дек 2014
4257 пати
На 13.12.2014 година ни замина на ВЕЧЕН риболов еден од најдобрите рекреативни и спортски риболовци од Охрид.Почивај во мир Ангеле Галиот - АЦЕ МАЧКА.За последен пат, мајсторе Бистро!
На ден 18.12.2014 година Градоначалникот на Град Скопје, во соработка со Македонската Риболовна Федерација и УКИМ Институт за сточарство од Скопје, изврши порибување на реката Треска, на потегот под браната Матка, со 50 kg одгледан подмладок на македонска пастрмка со просечна маса од 20 - 50 грама.Подмладокот потекнува од репроцентарот "Мрестилиште Шум" во Струга.
16.12.2014 година на езерото Мантово се организираше порибување од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во рамките на проектот "Од нас за нас ... - Да го вратиме Крапот на Мантово ! Вакви проекти се реализираат веќе втора година по ред од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во втора фаза е предвидено порибување со автохтона речна Македонска пастрaмка на река Плаваја и Сирава во општина Радовиш.

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00