Испечатете ја страната

Извештај од 5-то коло Супер лига “пливка“ 2015

05 Окт 2015
13339 пати
Во недела, 04.10.2015 година, на патеката на „Градска плажа“ во Дојран, се одржа последното, 5-то коло, од „Супер лига“ на Република Македонија во дисциплина „Пливка“, кое се бодува за состав на репрезентацијата во спортски риболов која ќе не претставува на Светското првенство во 2016 година, што ќе се одржи во Пловдив, Република Бугарија.

Репрезентацијата е во следен состав:

1. Марјан Ристиќ

2. Зоран Митевски

3. Горан Цуцуловски

4. Филип Таушанов

5. Тони Гоговчевски и

6. Зоран Кожухаров

Галерија