На 03 и 04.10.2026 на реката Треска се одржа V Јадранско-подунавски куп. Настапија 17 екипи од 6 земји, кои за два дена уловија вкупно 1676 риби.
1. Чешка 1
2. Македонија 1 (Давор Рашиќ, Марио Бошковски, Борис Аговски)
3. Хрватска 1
Поединечен победник е Филип Мусил од Чешка, кој победи во својот сектор и двата дена. Втор е Јан Либјак од Чешка, а трет Петар Лаков од Бугарија, кој улови и најмногу риби, вкупно 75.
Честитки на победниците и благодарност до сите натпреварувачи, судиите и организаторите!
Посебна благодарност до сите спонзори и поддржувачи кои помогнаа за одржување на натпреварот, Град Скопје, ЈП Паркови и зеленило, Грин тим од Битола, Виталиа, Горска, Колид С-тим, Вендора, Лакталис и Атлантик.
Македонска Риболовна Федерација.