Од 23 до 26 јули 2026 година, на Мавровското Езеро се одржа 17. Јадранско-подунавски куп во крапски риболов.
Во организација на Македонската риболовна федерација, настапија 21 екипа од шест држави.
Учествуваа екипи од Македонија, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.
Вкупно беа уловени 223 крапа, со вкупна тежина од 595,79 килограми.
Првото место го освои УСР „Барица“ од Србија, со улов од 109,50 кг.
Второто место ѝ припадна на РД „Мурска Собота“ од Словенија, со 82,67 кг.
Третопласирана беше екипата „Барфин Лине“ од Бугарија, со 62,26 кг.
Најголемиот крап, со тежина од 8,35 кг, го улови македонската екипа „Спорт Фишинг Сарај“.
МРФ им честита на победниците и им се заблагодарува на сите учесници за спортскиот дух и ферплејот.
Посебна благодарност упатуваме до Националниот парк Маврово и Општина Маврово и Ростуше за поддршката и соработката.
Благодарност и до судиите и сите соработници кои придонесоа за успешната реализација на купот.
Маврово уште еднаш беше место за меѓународно спортско дружење и промоција на македонскиот риболов.
Во фотогалеријата во прилог пренесуваме дел од атмосферата на натпреварот. Бистро!