Испечатете ја страната

Известување за спортски натпревари

05 Апр 2022
1921 пати

На 24-тата седница на УО на Македнската Риболовна Федерација по предлог на Председателот на судиска комисија Лазар Лазаровски е одлучено најкасно 7 (седум) дена пред почетокот на лига натпреварите да бидат доставени следниве документи:

• Договор склучен помеѓу клубот и натпреварувачот
• Барање за регистрација на натпреварувачи за натпреварувачката година
• Пристапница - изјава
• Лекарско поединечно за секој натпреварувач
• Уплата за спортска легитимација
• Котизација зависно од дисциплината во која се натпреваруваат
• Осигурување поединечно или групно
• Решение за вршење на дејност спорт – спортски риболов
• Платена чланарина кон МРФ за 2022 година

Македонска Риболовна Федерација
Претседател на судиска комисија
Лазар Лазаровски