ИЗВЕСТУВАЊА

Информација

06 Дек 2024
286 пати
Почитувани колеги риболовци, За да се отстранат сите дилеми во однос на валидноста на раководството на МРФ, во прилог може да го прочитате конечното решение на Комисијата за жалби (добиено преку пристап до јавно информации) со кое жалбата на поранешниот претседател се одбива како неоснована и се потврдува валидноста и легалноста на последното одржано вонредно собрание на МРФ. Со ова решение, изборот на ова раководство станува ПРАВОСИЛЕН. МРФ и нејзиното раководство остануваат отворени за сите добронамерни здруженија, во интерес на рекреативните и спортските риболовци од Македонија. За таа цел ве повикуваме со свои предлози и идеи да придонесете за понатамошен развој на риболовот во Македонија, преку отворени средби во МРФ кои ќе бидат организирани во периодот кој следи. Вратата на…
Почитувани, Во прилог може да го преземете ЈАВНИОТ ПОВИК бр. 2/2024 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од риболовни подрачја за организирање рекреативен риболов, објавен од страна на МЗШВ. Со почит, Македонска Риболовна Федерација

Крапска лига 2024

29 Јул 2024
1718 пати
Почитувани, На одржаниот состанаок на крапската натпреварувачка комисија се разгледаа опциите и обврските за организирање на натпревари и се донесе следниот заклучок: 1. Да се организира Крапска Прва Лига за 2024 година со одржување на две кола по 72 часа;2. Победниците од лига натпреварите ќе ги сочинуваат 3+1 екипи за учество на балканско крапско првенство;3. Да се одржи предвидениот Крапски државен куп 11-ти Октомври во траење од 50 часа;4. Следната година 2025 да се одржат лига натпревари од која ќе се избере репрезентација на РМ за Крапско светско првенство. Во прилог може да го преземете календарот за 2024 и пропозициите за дисциплина крап. Уплата за котизација: МРФ СКОПЈЕ СПОРТ 300000003255065 Напоменуваме дека оние натпреварувачи кои земале учество на претходни невалидни…
Почитувани, Во прилог може да го преземете календарот за натпревари во дисциплина фидер за 2024 година, како и пропозиции за фидер за 2024. Напоменуваме дека оние натпреварувачи кои земале учество на претходни невалидни натпревари со уплатена котизација, се ослободуваат од обврска повторно да плаќаат котизација за претстојните натпревари. Уплата на котизација: МРФ СКОПЈЕ СПОРТ 300000003255065 Со почит, Македонска Риболовна Федерација

Спин лига 2024

29 Јул 2024
962 пати
Почитувани љубители на лесниот спин, Ве информираме дека на крајот од август, поточно 31.08 и 01.09 (Сабота и Недела) ќе се одржи државна Спин лига.Во таа насока ги повикуваме сите заинтересирани кои имаат желба да се натпреваруваат и при евентуален пласман да и помогнат на репрезентацијата на Македонија на меѓународни натпревари да се пријават. Секој заинтересиран кој има желба, а му се гледаат сложени постапките што треба да се направат за пријавување слободно нека ме контактира и јас и другите поискусни колеги стоиме на располагање на секој да му помогнеме.Бистро! Натпреварувачка комисија за спин Борис Аговски, 075/223-186 Уплата на котизација: МРФ СКОПЈЕ СПОРТ 300000003255065 Прилози: Календар/програма за Спин лига 2024
Почитувани, На ден 11.07.2024 година, согласно Известувањето од Агенција за млади и спорт со бр.14-938/2 од 05.04.2024, одлуката на Управниот одбор на МРФ од 11.07.2024 за прогласување на ништовни на сите одлуки донесени од нелегалниот УО на МРФ, со оглед на фактот дека тој УО не е избран на легално собрание со потребен кворум, како и одредбите од новиот Закон за рибарство и аквакултура од 03/2024, во кој со распределбата на средствата/приход на МРФ од легитимации за рекреативен риболов, не се предвидени средства за учество на меѓународни спортски натпревари, Управниот одбор на Македонска Риболовна Федерација донесе одлука дека не е дозволено учество на спортски натпревари од меѓународен карактер поддржани од Македонска Риболовна Федерација во 2024 година. Известувањето е доставено до…
Почитувани, Во прилог ви доставуваме Допис од Агенција за млади и спорт во врска со претстојните натпревари во спортски риболов, како и Одлука на валидниот Управен одбор на Македонска Риболовна Федерација за одложување на сите натпревари до разрешување на настанатата ситуација со Вонредното собрание од 24.12.2023 година, со прилог извадок од Централен регистар на РСМ во однос на валидноста на постоечкиот Управен одбор на МРФ. Ве замолуваме за трпение и разбирање за настаната ситуација, ќе бидете информирани за продолжување на спортските натпревари веднаш по разрешување на истата. Со почит, Управен одбор Македонска Риболовна Федерација
Почитувани колеги риболовци, Ве информираме дека на 39-тото Вонредно Собрание на МРФ одржано на 29.06.2024 се избра нов претседател на Македонска Риболовна Федерација, Филип Серафимовиќ, член на ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје. Промената во Централен регистар се изврши на 08.07.2024. Во наредниот период ќе бидат донесени повеќе значајни одлуки за рекреативниот и спортскиот риболов во Република Македонија, за што ќе бидете редовно и транспарентно известувани на овој профил, како и преку веб страната на МРФ. Воедно, остануваме отворени за предлози и соработка од и со сите риболовни здруженија со цел повеќе да допринесеме за развој на риболовот во Македонија. Со почит, Македонска Риболовна Федерација

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00