Информација за сите концесионери на рекреативни ревири/зони

03 Мар 2025
195 пати

Почитувани концесионери,

Ве информираме дека согласно Законот за рибарство и аквакултура, потребно е по склучување на новите договори за користење на рибите до МРФ да доставите:

1. Копија од Договорот за користење на рибите

2. Известување за утврдени цени на дозволи за тековната година и тоа:

    - дневна дозвола

    - тродневна дозвола

    - месечна дозвола

    - годишна дозвола

3. Известување за одредени локации на кои ќе се врши продажба на дозволи (може во истото известување со цените на дозволите)

4. Известување за забрани за тековната година (пред стапување на сила на првата календарска забрана)

Согласно претходните законски одредби, цените се доставуваа до МЗШВ на одобрување, а согласно новиот Закон се избегнува таа процедура и цените ги одредува самиот концесионер, со обврска истите да ги достави до МРФ, а МРФ да ги објави на веб страната. Одобрение не е потребно да се бара.

Ве молиме посочените документи да ги доставувате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Воедно, по доставување на документите од точка 1 и 2 погоре, може да задолжите дозволи за рекреативен риболов во седиштето на МРФ. Дозволите на крајот на годината ќе се раздолжуваат во МРФ, а МРФ ќе доставува извештај до МЗШВ.

Со почит,

Македонска Риболовна Федерација

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00