Почитувани,
Согласно одлуката на Управен одбор на МРФ од 10-тата седница одржана на 08.05.2025, огласуваме лицитациона продажба на службено возило Мерцедес Вито, сопственост на МРФ, со почетна цена од 900 евра.
Понуди имаат право да дадат сите заинтересирани страни, а предност при купување со понудена иста висина на сума ќе имаат риболовни здруженија кои се членки на МРФ.
Понудите да се достават до техничката служба на МРФ, најдоцна до 27.05.2025 година во 12:00 часот, во затворен плик, со назнака “ПОНУДА ЗА МЕРЦЕДЕС ВИТО“, без други информации на пликот. Понудата се состои од писмена понуда со јасно понудена цена изразена во ЕВРА и контакт податоци за понудувачот, а плаќањето ќе се врши во денари по среден курс на НБРМ на денот на плаќањето.
МРФ го задржува правото да не го продаде возилото доколку не добие соодветна понуда.
За дополнителни информации во врска со возилото обратете се до Благе Денковски, контакт телефон 070/237-442
Со почит,
Македонска Риболовна Федерација.