Почитувани,
На 29.01.2026 godina во Македонската Опера и Балет се оддржа 71то издание на изборот на најуспешните спортисти и спортски работници, „Спортисти на годината“ за 2025, а воедно се доделија и 500 стипендии и признанија Спортска надеж на 500 талентирани млади спортисти.
На наше големо задоволство, дел од наградените талентирани млади спортисти беа и три млади риболовци, натпреварувачи во рамките на системот на национални натпревари на МРФ, во ранг У-15.
Наградените риболовци, добитници на стипендија се:
- Веле Лазов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2011)
- Тео Дамјаноски од ЗРРСК Св. Апостол Петар - Охрид (роден 2011)
- Петар Динов од СРК Оскар - Кавадарци (роден 2014)
Бистро!



