Програма за полагање на испит за спортско-риболовни судии

12 Мар 2026
29 пати

Согласно Правилникот за спортско-риболовни судии и Одлуката на Управниот одбор на МРФ за организирање на полагање за судии, МРФ објавува

ПРОГРАМА

За полагање на испит за спортско-риболовни судии

1. Полагањето испит за спортско-риболовни судии ќе се спроведе во дисциплините Пливка, Крап, Мушичка, Спин и Фидер, за секоја дисциплина посебно.

2. Спроведување на испитот

2.1. Испитот се врши писмено, со заокружување и дополнување на одговори на поставените прашања и понудените одговори.

2.2. За пресметување на конечните резултати од испитот, прашањата учествуваат со 100 бода. Испитот ќе се смета за положен доколку кандидатот освои минимум 80 бода.

2.3. Практичниот дел е задолжителен дел од испитот и може да се изведува на сите натпревари во организација на МРФ или РЗК каде што има делегирани државни судии  од страна на судиската комисија на МРФ. Кандидатот ги извршува сите задачи и обврски во својство на судија за делегираната позиција. Судијата кој е надлежен да ја следи работата, го контролира и не дозволува да се направат повреди на правилата при судењето. Истиот составува писмен извештај за работата на кандидатот и во рок од 3 дена го доставува до комисијата за полагање на судискиот испит (во електронска форма).

Оценката на испитот е „положил“ или „не положил“.

2.4. Распоредот за полагање на практичниот дел на испитот го прави  комисијата за полагање на судискиот испит.

3. Критериуми и право на полагање на судиски испит

3.1. Со статус на спортско-риболовен судија може да се стекне секој спортски риболовец (кој поседува спортска легитимација)  кој има наполнето 18 години и е член на здружение на спортски риболовци (ЗСР), членка во МРФ.

4. Литература за полагање на испитот

Правилник за организирање натпревари во спортски риболов во Р. Македонија,

Правилник за спортско-риболовни судии,

Правилник за регистрација на спортски клубови и спортски риболовци во Р. Македонија

Правила за натпревари во дисциплината „Пливка“

Правила за натпревари во дисциплината „Крап“

Правила за натпревари во дисциплината „Мушичка“

Правила за натпревари во дисциплината „Спин“

Правила за натпревари во дисциплината „Фидер-метод“

Правила за натпревари во дисциплината „Фидер-кафез“

Горе наведената литература е објавена на веб страницата на Македонската Риболовна Федерација (www.mrf1952.mk), во папката Документи – Правилници – Правилници за натпревари.  

5. Висина на надомест за полагање на испит за спортско-риболовен судија

5.1 Висината на надоместокот за полагање испит за судија изнесува 1000,оо ден за полагање по една дисциплина.

5.2 Покрај горе наведеното, сите кандидати мора да бидат регистрирани спортски риболовци за тековната година и да ја платат членарината за спортска легитимација, која за сениори изнесува 400,оо ден.

5.3 Уплатата на паричните средства се врши на сметката на МРФ наменета за спорт, најдоцна до 10.04.2026 година, на жиро сметка:

МРФ Скопје Спорт,

300000003255065, Комерцијална банка

6. Термини за полагање на судиските испити

6.1. Полагањето на испитот за сите дисциплини ќе се одржи на ден 18.04.2026 год. со почеток во 10:00 часот, во просториите на Универзитет Скопје (бул. Партизански одреди, спроти Лептокарија). Доколку има кандидати кои сакаат да полагаат за повеќе дисциплини и уплатат за истото, од страна на комисијата ќе се овозможи полагање за повеќе дисциплини во истиот ден.

6.2. Сите  кандидати  кои  ќе  полагаат  испит  за  судија  и  го  положат  теоретскиот  дел, благовремено ќе бидат известени за местото и датумот за полагање на практичниот дел

7. Пријавување

7.1. Пријавувањето за полагање на испит се врши писмено, најдоцна до среда 10.04.2026 година заедно со уплатата на надоместот. Пријавата може да се изврши преку пошта на адреса: Македонска риболовна федерација, Бул. Кочо Рацин бр. 75, 1000 Скопје или преку електронска пошта на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Пријавите преку пошта да пристигнат најдоцна до горе назначеното време.

За повеќе информации обратете се на тел. 02-3164-539 на МРФ, секој работен ден од 7:30 -15:30 часот

Судиска комисија                                                                                                                                                                                                                                                                                                             

Претседател

Лазар Лазаровски

Повеќе во оваа категорија: « Информација за судиска такса 2026

 

 

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:30 - 15:30