НАТПРЕВАРИ 2018

Фидер-кафез лига 2025

11 Мај 2025
76 пати
На 26-27.04.2025 година на акумулација Пишица и на 10-11.05.2025 на акумулација Водоча се одржа Лига натпреварот во дисциплина фидер-кафез за 2025 година. Натпреварот се одржа во фер атмосфера и се постигнаа следните резултати во поединечен пласман: 1 место - Марјан Ристиќ од МАК-ДАМ Куманово 2 место - Никола Кметовски од ВАРДАР Скопје 3 место - Перо Стефков од МАК-ДАМ Куманово Бистро! МРФ
На 13.04.2025 година на Тиквешко езеро се одржа Куп на Македонија во дисциплина пливка за 2025 година. На Купот учество земаа 11 екипи со вкупно 33 натпреварувачи. Натпреварот се одржа во фер атмосфера со добар улов и се постигнаа следните резултати: 1 место екипно - МРЕНА 1987 од Крушево 2 место екипно - ВАРДАР од Скопје 3 место екипно - ОСКАР од Кавадарци Иако натпреварот беше во екипна конкуренција, се постигнаа одлични резултати и во поединечна конкуренција, а поединци со највеќе улов на купот беа: 1. Кире Малинков од ОСКАР Кавадарци со 4.920 грама улов 2. Зоран Кожухаров од ВАРДАР Скопје со 4.830 грама улов 3. Марјан Ристиќ од МАК-ДАМ Куманово со 4.710 грама улов Бистро! МРФ

Спин лига 2025

01 Апр 2025
81 пати
На 08-09.03 и 15-16.03.2025 на реката Треска на Матка се одржаа 4-те кола од Спин лига 2025. Натпреварот протече во најдобар ред, во фер и коректна атмосфера, а победници на во дисциплина спин за 2025 година се: 1. Давор Рашиќ од ЗСРРК ВАРДАР Скопје 2. Борис Аговски од ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје 3. Перица Стојковски од ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје Бистро! МРФ 
На 06.10.2024 заврши 15-тиот Јадранско-подунавски куп во риболов на крап и амур кој се одржа на езерото Мавровица од 03-06.10.2024, со натпреварувачи од пет балкански држави.Во лоши временски услови, со неизвесна борба до крај, победата ја однесе екипата СО2 од ЗСРРК Вардар од Скопје, Р. Македонија.Второто место припадна на екипата Team Mojo од Р. Бугарија, а третото место го освоија натпреварувачите од УСР Шаран - Кикинда, Р. Србија.Пехарот за најголема уловена риба го доби третопласираната екипа од Шаран - Кикинда.Честитки за сите натпреварувачи и учесници како логистика за одлично организираниот натпревар.Благодарност до домаќинот Кире - КД Електроника за целосната поддршка од негова страна.Бистро!
На 23.10.2024 на езерото Мавровица се одржа првиот државен куп во дисциплина фидер -метод во организација на МРФ.Натпреварот помина во одлична атмосфера со фер однос од сите учесници.Победник на купот е Дејан Николов од Крап Виница, второто место го освои Станислав Јованов од Крап Виница кој воедно ја улови и најголемата риба на денешниот натпревар, крап од 20 кг, а третото место припадна на Томе Моневски од Миа Екофиш Скопје.Во прилог се дел од фотографиите од одржаниот куп.Бистро!
Почитувани колеги, На 27.11.2022 година на езерцето во Градски парк во Скопје се одржа првиот Државен куп на Македонија во дисциплина „фидер“, на кој земаа учество 14 натпреварувачи од повеќе клубови и здруженија. Првото место го освои Марјан Ристиќ, второто место Нино Сидовски и трето место Мики Илиевски. Во прилог фотографии од првиот државен фидер куп. Македонска Риболовна Федерација

Мушичарска лига 2018

02 Мај 2018
10938 пати
На 22.04.2018 и 28.04.2018 на реката Сатеска се одржаа четирите кола од Мушичарска лига 2018. Учество земаа 11 натпреварувачи, а победници беа: 1 место - Јулио Божиноски од РИБАР 2011 2 место - Зоран Трајковски од РИБАР 2011 3 место - Александар Цветановски од РИБАР 2011

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00