Од 2 до 6 септември 2026 година, Мавровското Езеро беше домаќин на 26. Светско првенство во крапски риболов.
Во организација на Македонската риболовна федерација, првенството обедини 33 национални репрезентации од целиот свет.
За првпат Македонија беше домаќин на светско првенство во спортски риболов – значаен момент за нашиот спорт.
Првенството помина во знакот на натпреварувачкиот дух, ферплејот и дружењето меѓу учесниците.
Светската титула ја освои Украина, второто место ѝ припадна на Унгарија, а третото на Литванија.
МРФ им честита на победниците и на сите репрезентации за покажаната посветеност и спортски дух.
Овој настан беше можност пред светската риболовна јавност да ги претставиме Маврово и природните убавини на Македонија.
Упатуваме голема благодарност до Министерството за спорт, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Националниот парк Маврово и Општина Маврово и Ростуше за поддршката и соработката.
Посебна благодарност до судиите, волонтерите, спонзорите и сите соработници кои придонесоа за реализацијата на првенството.
Зад овој настан стојат месеци подготовка, заедничка работа и посветеност на голем број луѓе.
Во фотогалеријата во прилог пренесуваме дел од атмосферата и моментите што го одбележаа „Маврово 2026“.
Ви благодариме што бевте дел од оваа спортска приказна. Бистро!



