На 13.04.2025 година на Тиквешко езеро се одржа Куп на Македонија во дисциплина пливка за 2025 година.
На Купот учество земаа 11 екипи со вкупно 33 натпреварувачи. Натпреварот се одржа во фер атмосфера со добар улов и се постигнаа следните резултати:
1 место екипно - МРЕНА 1987 од Крушево
2 место екипно - ВАРДАР од Скопје
3 место екипно - ОСКАР од Кавадарци
Иако натпреварот беше во екипна конкуренција, се постигнаа одлични резултати и во поединечна конкуренција, а поединци со највеќе улов на купот беа:
1. Кире Малинков од ОСКАР Кавадарци со 4.920 грама улов
2. Зоран Кожухаров од ВАРДАР Скопје со 4.830 грама улов
3. Марјан Ристиќ од МАК-ДАМ Куманово со 4.710 грама улов
Бистро!
МРФ