ИЗВЕСТУВАЊА
Македонската Риболовна Федерација ги поканува сите заинтересирани риболовци да земат учество на државниот куп во дисциплина “спин“ кој ќе се одржи на 25.10.2015 на Мавровско езеро. Програмата и правилникот за овој куп може да ги преземете со кликање на долниот линк. Бистро
ЗСРРК Вардар Скопје во изминатиов перид односно во месеците април–мај 2015 година на риболовниот ревир Вардар 11 односно од Демир Капија до Гевгелија на неколку наврати беа направени акциски контроли од кои беше констатирано следното:- Одземени и откриени се поголем број на недозволени средства мрежи ноќници и серкмиња од познати сторители и против истите се поднесени соодветни кривични пријави до надлежната институција. Одземените недозволени средства се фотографирани и истите доставени како материјален доказ.- Одземени беа 42 мрежи три серкмиња , две чекала како и големо количество на риба од видот на бојник, клен, попадика, мрена, карас , крап и сом која дел од неа беше уредно вратена во водите на реката Вардар бидејќи беше сеуште жива а се во присаство…
Во прилог е емисијата РИБАРСКА ВИСТИНА - Прва крапска риболовна лига, второ коло, втор дел, снимена од страна на Радован Димитриевски.
На 05.06.2015, Македонската Риболовна Федерација учествуваше на Саемот на федерации во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортови, кој се одржа во Сити Мол во Скопје. Проследете ги фотографиите од настанот :)
Во прилог е емисијата РИБАРСКА ВИСТИНА - Прва крапска риболовна лига, второ коло, прв дел, снимена од страна на Радован Димитриевски.
Во прилог е емисијата РИБАРСКА ВИСТИНА - Прва крапска риболовна лига, прво коло, снимена од страна на Радован Димитриевски.
Врз основа на одлука на Управниот Одбор на Македонска Риболовна Федерација за оттуѓување на половно моторно возило, се објавува јавна продажба на: Патнично моторно возило Лада Нива, година на производство 1999 (SK-461-OC). Возилото е регистрирано и во возна состојба. Продажбата се врши на принцип видено-купено. Возилото може да се погледне на паркингот позади Мекдоналдс во населба Аеродром, лице за контакт Миодраг Пешиќ (071/399-110). Поставената фотографија е само од информативна природа.
Извештај за спроведени акции на Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд
05 Мај 2015
12798 пати
На ден 02 и 03.05.2015 година од страна на Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд ( Државна риболовна контрола ) беше спроведена акција во која беа спроведени контроли на реката Брегалница од селото Дурфулија до вливот во реката Вардар, контрола на реката Брегалница кај вливот на Злетовска река како и контрола на акумулацијата Калиманци.



