ИЗВЕСТУВАЊА
Почитувани, Согласно усвоениот Календар и Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2017 година, 3- то коло од Супер риболовната лига во дисциплината "пливка", во конкуренција сениори, ќе се одржи на ден 30.09.2017 година на акумулацијата Козјак. Програм саатница до 07.30 часот: Пристигање на натпреварувачите и пријавување07.30 часот: Извлекување на стартни броеви08.00 часот: Пристап на патеката I сигнал08.35 часот: Најава за проверка на храната и мамките II сигнал08.40 часот: Преглед на прихрана, мамки и прибор III сигнал09.50 часот: Прихранување IV сигнал10.00 часот: Почеток на натпреварот V сигнал13.55 часот: Пет минути пред крај на натпреварот VI сигнал14.00 часот: Крај на натпреварот VII сигнал Македонска Риболовна ФедерацијаСкопје, 22.09.2017
Почитувани риболовци, СРК КЛЕН - МАКЕДОНСКИ БРОД Ве информира дека согласно препораките на Владата на Република Македонија и прогласувањето на кризната состојба на територијата на општина Македонски Брод поради настанатите пожари, се воведува ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА РИБОЛОВЕН РЕВИР ТРЕСКА 2. Ќе Ве замолиме за разбирање и за почитување на забраната. За завршување на забраната за движење на Риболовен ревир Треска 2 ќе бидете дополнително информирани.
Почитувани, Македонска Риболовна федерација, Ве известува дека четвртото коло од лига Крап кое требаше да се одржи во период од 20.07- 23.07.2017 година во Коњско – Преспанско езеро, ќе се одржи во ист термин и по иста саатница на акумулација Гумење Крушево. Скопје, 17.07.2017 г. Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Македонска Риболовна федерација, Ве известува дека третото коло од лига Крап кое требаше да се одржи во период од 06.07- 09.07.2017 година во Коњско – Преспанско езеро, ќе се одржи во ист термин и по иста саатница на акумулација Гумење Крушево. Скопје, 30.06.2017 Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Ве известуваме дека Охридско езеро како локацијата за одржување на натпреварот во дисциплина пливка У-15, поради нискиот водостој на езерото се менува со Дојранско езеро. Датумот и саатницата остануваат исти, а собирањето на натпреварувачите ќе биде пред хотел Полин. Со почит, МРФ
Ве известуваме дека 34-та Седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 23.04.2017 година во просториите на Земјоделски факултет за науки и храна со почеток во 11.00 часот во Скопје. Делегати со право на глас имаат риболовните здруженија, членки на федерацијата кои ја имаат подмирено членарината за 2016 година до денот на одржувањето на Собранието. Материјалите се објавени во прилог на ова известување. Со почит,Македонска Риболовна Федерација
Во прилог на ова известување може да го преземете решението од МЗШВ за забрани за риболов за 2017 година, а со кликање на банерот лево "ЗАБРАНИ ЗА РИБОЛОВ НА РИБОЛОВНИ РЕВИРИ И РЕКРЕАТИВНИ ЗОНИ" може да ја преземете табелата со забрани по поединечни ревири и зони.
Во прилог може да го преземете известувањето до сите ЗСР за пријавување на екипи за прва риболовна лига "пливка" за 2017 година