ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани корисници на водите во РМ, Во прилог може да го преземете Правилникот за формата и содржината на образецот на дозволите за рекреативен риболов и образецот за водење на евиденција на продадените дозволи и доставувањето на податоците, како и начинот на издавање на дозволите и потребната документација.Согласно истиот, дозволите кои ги задолжувате и раздолжувате треба да бидат пропратени со пропишаните формулари согласно Правилникот, односно дозволите кои се задолжени во 2025 мора да се раздолжат согласно Правилникот во прилог, за да може да задолжите нови дозволи.За повеќе информации, обратете се до техничката служба на МРФ. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
До Сите риболовни здруженија во Република Македонија Почитувани, Ве известуваме дека редовната седница на 41-вото Собрание на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 14.12.2025 година во амфитеатарот на Универзитет Скопје (нас. Карпош) со почеток во 10:00 часот. Право на учество имаат сите риболовни здруженија – членки на МРФ кои имаат членство во 2024 година. Скопје, 02.12.2025 Претседател на УО Филип Серафимовиќ 
ЈАВЕН ПОВИК 6/2025 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од риболовните подрачја „Вардар – горно течение“, „Вардар – долно течение“, „Црна Река“, „Калиманци“ и „Младост“ за организирање рекреативен риболов.
Почитувани, Согласно одлуката на Управен одбор на МРФ од 10-тата седница одржана на 08.05.2025, огласуваме лицитациона продажба на службено возило Мерцедес Вито, сопственост на МРФ, со почетна цена од 900 евра. Понуди имаат право да дадат сите заинтересирани страни, а предност при купување со понудена иста висина на сума ќе имаат риболовни здруженија кои се членки на МРФ. Понудите да се достават до техничката служба на МРФ, најдоцна до 27.05.2025 година во 12:00 часот, во затворен плик, со назнака “ПОНУДА ЗА МЕРЦЕДЕС ВИТО“, без други информации на пликот. Понудата се состои од писмена понуда со јасно понудена цена изразена во ЕВРА и контакт податоци за понудувачот, а плаќањето ќе се врши во денари по среден курс на НБРМ на денот…
Почитувани, На следниот линк може да ја погледнете емисијата на МТВ 1 - ВО ЖИВО - ПРОГРАМА НА ГРАДОВИ, во која гостуваат Даниел Наумовски од БАБУНА Велес, Горан Стоименовски од ШАРАН Македонска Каменица, Крсте Крстевски од РИБАР 2011 Скопје, Филип Серафимовиќ од МРФ и Димче Мајковски од СВ. АПОСТОЛ ПЕТАР Охрид. https://play.mrt.com.mk/play/584657 Бистро!
Почитувани, Ве информираме дека 1-вото и 2-рото коло од Спортско риболовна лига за категорија У-20 и У-25 ќе се одржат на 24.05 и 25.05.2025, заедно со 1-во и 2-ро коло од Прва лига во дисциплина пливка за категорија сениори, на Тиквешко езеро. Комисијата дополнително ќе објави изменета програма за натпреварите во дисциплина пливка согласно горе наведената измена. Со почит, Натпреварувачка комисија пливка МРФ Скопје 
Врз основа на член 14 став (1) од Законот за рибарство и аквакултура („Сл. Весник на Република Северна Македонија“ бр, 64/24), како и Одлуката за распишување на Јавен повик за доделување на користење на рибите и другите водни организми од риболовните подрачја „Вардар – долно течение“, „Треска“, „Пчиња“, “Брегалница“, „Струмица“, „Мантово“, „Стрежево“, „Липково“, „Турија“, „Водоча“, „Ратево“, „Козјак“, „Конче “ и „Дојранско Езеро“ број 33-4154/1 од 26.03.2025 година донесена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се објавува ЈАВЕН ПОВИК 5/2025 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од наведените риболовните подрачја. Јавниот повик може да го преземете во прилог.
Почитувани колеги риболовци, Со оглед на неинформираноста на повеќе рекреативни риболовци на кои ревири е доделена концесија и може да се риболови, подолу е листа на ревирите кои во моментов се со доделена концесија и на кои може да се извади дозвола за рекреативен риболов од концесионерите: 1. Тиквешко езеро Линк за цени на дозволи: Ценовник Тиквешко езеро 2025 2. Дојранско езеро Линк за цени на дозволи: Ценовник Дојранско езеро 2025 3. Злетовска река Линк за цени на дозволи: Ценовник Злетовска река 2025 4. Крива река - Кривопаланечки ревир Линк за цени на дозволи: Ценовник Крива река - Паланечка 2025 5. Река Радика и Мавровско езеро Линк за цени на дозволи: Ценовник река Радика и Мавровско езеро 2025 6. Вардар…

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:30 - 15:30