ИЗВЕСТУВАЊА

Во прилог е предледот на концесионери на ревири и рекреативни зони, како и преглед на водите кои се без концесионер.
Во прилог е предледот на концесионери на ревири и рекреативни зони, како и преглед на водите кои се без концесионер.
Почитувани, Ве известуваме дека одлуките за доделување на концесии се излезени во Службен Весник на РМ на 08.06.2018. Истите може да ги погледнете во прилог на ова известување. ВАЖНО - Сите идни концесионери ИТНО да достават предлог цени до Македонска Риболовна Федерација на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. кои треба да се испратат на одобрување до МЗШВ. Во меѓувреме ќе бидете контактирани од МЗШВ во врска со потпишување на договорите за концесија. Со почит, МРФ
Почитувани, Поради преголем ангажман на натпреварувачите за крапската лига 2018 како и голем број на крапски купови организирани во Македонија и надвор, “Кастинг купот на Македонија” кој треба да се одржи на 03.06.2018 е одложен на неопределено време. Крапска секција датумот на одржување ќе го закаже соодветно со условите и времето и за тоа ќе бидат сите навремено известени. Со почит, Натпреварувачка крапска секција
Почитувани риболовци, Во прилог е известување за Прва спортско риболовна лига - ПЛИВКА 2018 година 3-то и 4-то коло. Со почит, МРФ
Почитувани, Ве известуваме дека трето и четврто коло од Мушичарска лига 2018 ќе се одржат согласно програмата, на 28.04.2018 на истата патека од прво и второ коло, односно р.Сатеска. Саатницата останува иста како за прво/второ коло.Во прилог е програмата за трето и четврто коло. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Ве известуваме дека седницата на 35-то изборно-констутивно Собрание на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 29.04.2018 година на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (населба Автокомадна) со почеток во 11:00 часот. Право на делегати имаат риболовни здруженија, членски на федерацијата, кои ги имаат подмирено обврските за 2017 година согласно член 23 од Статутот на МРФ до денот на одржување на Собранието. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Поради високиот водотек на река Радика и реката Треска (МРФ нема добиено согласност од ЕЛЕМ за низок водотек за одржување на натпревар на река Треска), УО на МРФ на предлог на Натпреварувачка секција за спин и мушица одлучи да се промени натпреварувачката патека за првото и второто коло од Мушичарска лига 2018 и првите две кола да се одржат на реката Сатеска на 22.04.2018 година. Точната локација на реката Сатеска е помеѓу с.Издеглавје и с.Арбиново, почеток на стаза кај црква Св.Софија – Издеглавје. Собирното место ќе биде мостот на р.Сатеска на локалниот пат кон село Издеглавје, до кој се стига по регионалниот пат Кичево - Охрид, на 5 км после поранешна Починка се врти лево кај знакот за “с.Издеглавје“ и…

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00