Известување за промена на натпреварувачка патека за Мушичарска лига 2018

17 Апр 2018
7865 пати

Почитувани,

Поради високиот водотек на река Радика и реката Треска (МРФ нема добиено согласност од ЕЛЕМ за низок водотек за одржување на натпревар на река Треска), УО на МРФ на предлог на Натпреварувачка секција за спин и мушица одлучи да се промени натпреварувачката патека за првото и второто коло од Мушичарска лига 2018 и првите две кола да се одржат на реката Сатеска на 22.04.2018 година.

Точната локација на реката Сатеска е помеѓу с.Издеглавје и с.Арбиново, почеток на стаза кај црква Св.Софија – Издеглавје. Собирното место ќе биде мостот на р.Сатеска на локалниот пат кон село Издеглавје, до кој се стига по регионалниот пат Кичево - Охрид, на 5 км после поранешна Починка се врти лево кај знакот за “с.Издеглавје“ и на 500 метри по локалниот пат се пристига до собирното место. Од таму во колона натпреварувачите со судиите ќе се упатат до патеката која се наоѓа на 2 км од собирното место, кај црквата Св.Софија.

Во прилог е ревидираната програма за Мушичарска лига 2018.

Со почит,

Македонска Риболовна Федерација

 

ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ПРИЛОГОТ:

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00