ИЗВЕСТУВАЊА
Почитувани концесионери, Ве информираме дека согласно Законот за рибарство и аквакултура, потребно е по склучување на новите договори за користење на рибите до МРФ да доставите: 1. Копија од Договорот за користење на рибите 2. Известување за утврдени цени на дозволи за тековната година и тоа: - дневна дозвола - тродневна дозвола - месечна дозвола - годишна дозвола 3. Известување за одредени локации на кои ќе се врши продажба на дозволи (може во истото известување со цените на дозволите) 4. Известување за забрани за тековната година (пред стапување на сила на првата календарска забрана) Согласно претходните законски одредби, цените се доставуваа до МЗШВ на одобрување, а согласно новиот Закон се избегнува таа процедура и цените ги одредува самиот концесионер, со…
ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ПРИЈАВА НА НАТПРЕВАРУВАЧ/ЕКИПА ЗА 2025 ГОДИНА ОПИС 1. Решение за дејност спорт 2. Договор со клуб за кој ќе настапува, потпишан од двете страни и печат од клубот 3. Лекарско уверение од натпреварувачот 4. Осигурување за натпреварувачот, може и групно осигурување и наведено за кои натпреварувачи е истото 5. Барање за регистрација на спортисти 6. Пристапница - изјава 7. Уплата на чланарина кон МРФ за тековната година – 3.000,00 денари 8. Уплата на котизација зависно од дисциплината Потребните документи за пријавување во лига натпреварите за 2025 год. можете да ги преземете од сајтот на МРФ во делот ДОКУМЕНТИ И РЕГИСТРАЦИЈА НА СПОРТИСТИ ДИСЦИПЛИНИ И КОТИЗАЦИИ ЗА 2025 ГОДИНА ОПИС КОТИЗАЦИЈА 1. 1-ва лига за дисциплина ,,Пливка” сениори…
Почитувани колеги риболовци, Ве информираме дека во делот за НАТПРЕВАРИ - НАТПРЕВАРИ 2025 - ПРОГРАМИ 2025 се објавени пропозициите и календарите за натпреварите за сите дисциплини во организација на МРФ за 2025 година. До истите може да пристапите и со кликање на следната врска: https://mrf.mk/natprevari/%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B8-2025/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B8-2025 Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани колеги риболовци, Ве известуваме дека сите ценовници за дозволи за риболовните ревири ќе бидат објавувани од страна на МРФ на веб страна во менито ДОКУМЕНТИ - ЦЕНОВНИЦИ ЗА ЛЕГИТИМАЦИИ И ДОЗВОЛИ - ЦЕНОВНИЦИ 2025, а до истото може да пристапите и со кликање на следната врска: https://mrf.mk/doc/cenovnik/%D1%86%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-2025 Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Ве информираме дека уплатата за судиска такса за 2025 година изнесува 1.000,00 денари и истата се уплата на жиро-сметка 300000003255065, најдоцна до 24.02.2025 година. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Согласно одлуката на УО на МРФ, сите здруженија кои ќе земат учество во натпреварите во организација на МРФ во 2025 година треба да имаат уплатено годишна членарина во висина од 3000 денари пред започнување на натпреварите, додека останатите здруженија-членки истата треба да ја уплатат најдоцна до крајот на 2025 година, согласно член 23 од Статутот на МРФ. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
До Сите риболовни здруженија во Република Македонија Почитувани, Ве известуваме дека Управниот одбор на Македонска Риболовна Федерација на својата 6-та седница донесе одлука да се одржи 40-та редовната седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација на 15.12.2024 година во амфитеатарот на Универзитет Скопје (нас. Карпош) со почеток во 11:00 часот. Скопје, 02.12.2024 БИСТРО !!! Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да го преземете ЈАВНИОТ ПОВИК бр. 2/2024 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од риболовни подрачја за организирање рекреативен риболов, објавен од страна на МЗШВ. Со почит, Македонска Риболовна Федерација



