Порибување на езеро Мантово

24 Дек 2014
11977 пати
16.12.2014 година на езерото Мантово се организираше порибување од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во рамките на проектот "Од нас за нас ... - Да го вратиме Крапот на Мантово !
Вакви проекти се реализираат веќе втора година по ред од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш, а во втора фаза е предвидено порибување со автохтона речна Македонска пастрaмка на река Плаваја и Сирава во општина Радовиш.
Овие две води, каде што ќе се изврши порибување, се значително сиромашни со рибен фонд, па во соработка со нашите помагатели би сакале да оставиме еден добар белег со што би го вратиле рибниот фонд на овие наши води.
Ние како риболовен клуб од Радовиш иако немаме обврски за порибување и не сме концесионери на овие риболовни води, заедно со нашите помагатели и партнери успеавме да обезбедиме порибителен материјал од овластен репроцентар од Македонија и заеднички да направиме едно добро дело за сите риболовци и љубители на природата, се надеваме свеста кај сите нас ќе биде во преден план и ќе дозволиме овие мали примероци од Крап успеат да пораснат и станат капиталци со кои сите ние ќе бидеме горди. Апелирам до концесионерот на Мантово ЛРД Студенец од Конче во текот на наредниот период максимално да биде посветен во зачувување на рибниот фонд на Мантово и го заштити од рибокрадци и несовесни риболовци, а со единствена цел "Враќање на Крапот на Мантово" – истакна Претседателот на Сррк Крап-Радовиш, Васе Здравков.
Денешното порибување на Мантово со околу 2.200 примероци на Крап од страна на Риболовниот клуб Крап од Радовиш е добар пример за успешна соработка на овој клуб со концесионерот на Мантово, се надеваме дека овие примероци ќе бидат голем допринос во обновувањето на риболовниот фонд на езерото Мантово, а исто така Мантово да прерасне во атрактивна локација за сите спортски риболовци од Македонија и странство – истакна Градоначалникот на општина Конче Благој Јованов, кој исто така учествуваше на порибувањето.
Од риболовниот клуб Крап од Радовиш, истакнаа голема благодарност до нивните досегашни помагатели во овие пет години од постоењето, а исто така изразија благодарност до помагателите на овој проект: Општина Радовиш, Водостопанство Радовишко поле, Рудникот Бучим и Општина Конче.

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00