Извештај за спроведени акции на Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд

05 Мај 2015
10592 пати
На ден 02 и 03.05.2015 година од страна на Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд ( Државна риболовна контрола ) беше спроведена акција во која беа спроведени контроли на реката Брегалница од селото Дурфулија до вливот во реката Вардар, контрола на реката Брегалница кај вливот на Злетовска река како и контрола на акумулацијата Калиманци.
При контрола на реката Брегалница кај селото Дурфулија беа откриени осум мрежи во кој имаше риба бојник и клен кој веднаш беа вратени во водата. Целиот тек на реката е подготвен за рибокрадство при што коритото е исчистено од дрвја и има поставено колци на кој се поставуваат мрежи. Долж течението на реката има викендици во кој живеат луѓе кои се бават исклучиво со рибокрадство и ловокрадство. Евидентно е дека поради непристапноста и оддалеченоста во овој дел тешко и многу ретко се прават контроли. Поради сериозното и енормно уништување на рибниот фонд во тој дел на Брегалница МРФ заедно со концесионерот и МВР во наредниот период ќе мора да организира акции во кој детално ќе се врши контрола и ќе се одземат сите недозволиви средства за риболов а против сторителите ќе поднесе соодветни пријави.

При контрола на реката Брегалница кај уливот на Злетовска река откриени се двајца рибари без никакви документи, одземени се две трски и една чуварка за риби со 1,5 кг бојник кој истите го фаќале иако има забрана за бојник. Во консултација со надлежниот инспекторот и дополнителните проверки ќе бидат превземени законски мерки против истите.

На акумулацијата Калиманци во време од 16.00 до 20.00 часот беше извршена контрола на рекреативните риболовци при што беа откриени двајца рибари без дозволи за рекреативен риболов и против истите ЗРСК Шаран ќе поднесе Барање за покренување на прекршочна пријава до ДИЗ Кочани. Во време од 21.00 до 24.00 беше извршена контрола со моторен чамец на критичните места каде што се поставуваат мрежи но не беа пронајдени мрежи. Во време од 04.00 до 12.00 исто така со моторен чамец беше извршена контрола на целото езеро при што не беа пронајдени мрежи.

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00