Согласно Правилникот за водење постапка и утврдување број на спортисти за стекнување со спортската категорија спортист – спортска надеж бр. 01-1292/1 од 10.07.2015 година и точка 1 од Одлуката за прогласување категоризирани спортисти бр. 08-1455/1 од 26.08.2015 година, директорот на Агенцијата за млади и спорт, донесе Решение за доделување на категоријата спортист – спортска надеж на:
1. Илија Рупев во категорија „кадети“
2. Ели Трендафилова во категорија „кадети“
3. Петре Дучков во категорија „јуниори“
спортисти, членови на Македонската Риболовна Федерација, победници на Државното првенство на Република Македонија за „кадети“ и „јуниори“ одржано од 20.06 – 21.06.2015 година во Струга.