Почитувани колеги,
Македонската Риболовна Федерација ве поканува да присуствувате на отворањето и првото коло на Спин лигата 2018, која за прв пат се одржува во Р. Македонија. Првото коло ќе се одржи во недела, 25.02.2018 година, на реката Радика, на отприлика 1 (еден) километар под Стрезимирски мост. Поканети се сите заинтересирани рекреативни и спортски риболовци кои би сакале да го проследат ова интересно натпреварување кое за прв пат се одржува кај нас.
Лице за контакт: Давор
Со почит,
МРФ