Во пeриод 03.08-08.08.2015 година, во организација на Сојузот на спортски риболовци на Србија, на каналот на железарницата во Смедерево, се одржа Светско првенство за најмлади категории натпреварувачи U14, U18 и U23.
На ова првенство во категорија на натпреварувачи до 23 години, во конкуренција на 99 натпреварувачи од 21 држава, учествуваше и репрезентацијата на Република Македонија во состав:
1. Мартин Младеновски
2. Рамиз Малику
3. Славко Казаков
4. Ерџан Шамаковски
5. Тео Стојановиќ
Во конкуренција на натпреварувачи до 14 години учествуваа 10 репрезенации со вкупно 50 натпреварувачи а во конкуренција на натпреварувачи до 18 години се натпреваруваа 16 репрезентации со вкупно 64 натпреварувачи.
Учеството на нашата репрезентација е од историска важност за спортскиот риболов во Република Македонија поради фактот што за прв пат една наша репрезентација учествува на Светско првенство за најмлади категории натпреварувачи.
Краток извештај од Светско првенство за најмлади категории натпреварувачи U14, U18 и U23, Смедерево 2015
ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ПРИЛОГОТ:
- Konecen-plasman-mladi.pdf (5484 Превземања)