10-ти Јадранско-подунавски куп

16 Јул 2015
589 пати
Од 10 до 12 јули во Птуј Словенија беше одржан 10-то по ред Балканско првенство (Јадранско-подунавски Куп 2015) во дисциплината „Пливка".

На оваа првенство учествуваа 16 екипи од Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словачка и Македонија. Нашата држава беше претставена со 3 екипи и тоа Вардар Марош од Скопје, Пчиња од Куманово и Бистро од Струмица.

Во двата натпреварувачки дена се ловеше претежно крап (примероци од 1- 5 кг) а вкупно во двата дена за темини по четири часа се уловија преку 2.5 тони риба.

Нашите претставници достојно се претставија иако не вообичаено за нашите терени и тренинг центри - дисциплината „Пливка" (каде што со штек) успеаа да бидат рамо до рамо со другите натпреварувачи од другите држави - поставувајки секој од нив лични рекорди во улов на преку 20 кг за еден натпреварувачки ден од 4 часа.

Најдобро пласирана екипа од Македонија беше Пчиња од Куманово, а најдобро пласиран наш натпреварувач беше Горан Димитриевски од Пчиња.

Првото место во екипна конкуренција им припадна на домаќинот РД Птуј од Словенија, втори беа Риболовац-Шумадија од Србија, а третото место го освои Вараждин-Интерланд од Хрватска.

На свечената церемонија пехарите и медалите ги доделија домаќините од Птуј, и специјалните гости Претседателот на Риболовниот сојуз на Словенија Миро Жабер и Претседателот на Македонската риболовна федерација Васил Костов.

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00