Од 7-13 септември се одржа светското првенство во риболов во дисциплина пливка во Словенија.
Ова се дел од „уловените моменти“ од ова највисоко натпреварување во спортски риболов во светот на кое учествуваа 37 репрезентации од исто толку држави.
Македонската репрезентација се претстави одлично до последниот момент, сите натпреварувачи и нивните тренери успејаа да ги совладаат техниките и условите кои беа потребни за овој риболов на една прекрасна вода и река која што ја немаме во наша близина, освојувајки го солидното 23 место во конкуренција од 37 држави со што ја задржаа средината на светската ранг листа на натпреварувањето.