ИЗВЕСТУВАЊА

Во прилог може да го преземете календарот на светски и европски првенства во сите риболовни дисциплини за периодот 2016-2018

Известување

04 Окт 2016
2780 пати
Македонска Риболовна федерација, ги известува сите учесници во Супер Лига во дисциплина пливка, дека 4 то и 5 то коло ќе се одржи по истата програма и саатница која веќе е објавена за сите 5 предвидени кола од Лигата на Тиквешко езеро - Брушани на 08 и 09.10.2016 година. (сабота и недела)
Почитувани, Ве известуваме дека Куп-от на Република Македонија „Илинден 2016“ во дисциплина „Пливка“ и 4-то и 5-то коло од 1-та спортско риболовна лига во конкуренција У20 и У25, кои беа предвидени да се одржат на акумулацијата Мавровско езро, ќе се одржат во истиот термин (20 и 21.08.2016 година) и по иста саатница како е објавено на веб страницата на МРФ (www.mrf.mk), со тоа што за местото на одржување е одредена патеката во заливот Брушани на акумулацијата Тиквешко езеро. Последниот термин за пријавувањето на екипите и поединците за учество на овој натпревар, како и барање за изработка на спортски легитимации (за натпреварувачи кои до сега немаат извадено спортска легитимација) е 16.08.2016 година. Барањата и пријавите се поднесуваат на поштенска адреса Бул.…

Известување

13 Јул 2016
2774 пати
Почитувани, Ве известуваме дека МРФ нема да работи од денес (13.07.2016) до петок (15.07.2016) поради враќање во старите простории. МРФ ќе започне повторно со работа во понеделник на 18.07.2016 во своите простории на бул.Кочо Рацин бр.75. Со почит, МРФ
Почитувани, Поради надградба на просториите на МРФ, вработените на МРФ се привремено преселени во Ловечка федерација на РМ во Центар, на ул. Никола Вапцаров бр.7. Времетраењето на изведувањето на работите ќе биде еден месец, по што повторно МРФ ќе се врати во своите канцеларии. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
До крајот на јуни ќе биде отворен повикот за доделување на концесија за рекреативен риболов на акумулациите Матка, Глажња, Липково и Градче, а изборот е по пат на електронско наддавање. Риболовните здруженија и фирмите од оваа дејност можат да се јават на повикот за доделување на концесија за рекреативен риболов. Концесијата се однесува за рекреативен риболов за период од шест години. Право на учество на Јавниот повик имаат рибарските здруженија и домашни и странски правни лица регистрирани во Македонија. Со документите потребено е да се достави потврда дека барателот е регистриран и се занимава со дејноста рибарство, доказ дека ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи потребен број на лица за заштита на рибите.…
Почитувани, Ве известуваме дека Комисијата за натпревари на Македонската Риболовна Федерација одлучи да го промени местото на одржувањето на натпреварот од 1-то коло од лига натпреварите во дисциплина „Пливка“од акумулацијата „Мавровица“ на акумулацијата „Тиквешко езеро“ поради тоа што директорот на претпријатието кое стопанисува со акумулацијата не дозволува одржување на натпревар на браната, а и пристапот до патеката за возила е практично невозможен така што до натпреварувачките места има околу 400-500 метри и е практично невозможно да се транспортира опремата. Бистро!
Почитувани, Ве известуваме дека крајниот рок за пријавување за натпреварот во крапски риболов, крапски куп “Гемиџии 2016“ е вторник, 03.05.2016 година. Пријавувањето може да го извршите преку Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во просториите на Македонската Риболовна Федерација. Со почит, МРФ  

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk