ИЗВЕСТУВАЊА

Почитувани, Во прилог може да ја преземете Предлог листата на рангирани спортски клубови и рангирани спортисти за 2023. Со почит, МРФ
Почитувани колеги Чест ни е и задоволство да ве известиме дека од оваа година се воведе уште една спортска дисциплина под закрила на Македонската Риболовна Федерација. Минатата година беше формирана посебна комисија за Фидер риболов која организираше државен куп во оваа дисциплина и од оваа 2023 година започнува и лига натпревари во техниката Фидер . Би сакале да ги известиме сите здруженија, членки на Македонската Риболовна Федерација, да ја пренесат информацијата до своето членство, да ги запознаат со правилникот и календарот за Фидер натпреварите за 2023 година и секако доколку има заинтересирани риболовци кои сакаат да се натпреваруваат во оваа дисциплина, да се пријават навремено како би можеле навремено и квалитетно да ја организираме истата. Календарот и пропозициите може да…
Почитувани, Се известуват сите концесионери на рибните фондови, како и другите заинтересирани страни, дека врз основа на склучениот Договор помеѓу Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и УКИМ Институт за сточарство, се организира ЈАВНА РАСПРАВА во врска со нацрт Риболовните основи за риболовните води. Јавната расправа ќе се одржи во просториите на УКИМ Институт за сточарство на 25.11.2022 (петок) со почеток од 11:00 часот. Нацрт риболовните основи може да ги преземете со кликање на насловите: 1. Охридско езеро и слив на Охридско езеро 2. Преспанско езеро и слив на Преспанско езеро 3. Дојранско езеро и слив на Дојранско езеро 4. Вештачко езеро - акумулација Стрежево 5. Вештачко езеро - акумулација Младост 6. Вештачко езеро - акумулација Мавровица 7. Вештачко езеро…
Почитувани, Ве известуваме дека Седницата на 37-мо Собрание на МРФ ќе се одржи на 30.10.2022 година на Факултетот за земјоделски науки во Скопје со почеток во 11 часот. Право на делегат имаат риболовните здруженија, членки на МРФ кои ги имаат подмирено обврските од 2021 година согласно Статутот на МРФ. Материјалите за Собранието се во прилог. Со почит, Македонска Риболовна Федерација 
Почитувани, Со големо задоволство ве информираме дека една од екипите кои ја претставува Македонија на првиот Јадранско-подунавски куп во дисциплината спин (риболов со вештачки мамки), екипата МК1 од РИБАР 2011 го освои првото место во екипна конкуренција, а воедно во поединечна конкуренција имавме два високи пласмани на 4-тата и 5-тата позиција. Честитики до сите учесници и до сите натпреварувачи кои достојно ја претставија Македонија и Македонската Риболовна Федерација. Во прилог неколку фотографии од натпреварот и победниците. Бистро! Македонска Риболовна Федерација.
Почитувани натпреварувачи, Ве информираме дека Мушичарската лига се одложува и ќе се одржи во последниот викенд во септември, на 24.09 и 25.09.2022 година на истата локација. Воедно, програмата за лигата ќе биде ревидирана и новата ќе може да ја погледнете во делот Натпревари -> Натпревари 2022 -> Програми. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Ве известуваме дека Државниот куп во дисциплина спин кој требаше да се одржи на 29.05.2022 година на река Треска (Скопска), се одложува за месец септември 2022. Со почит, Македонска Риболовна Федерација
Почитувани, Во прилог може да го преземете списокот на делегирани судии за 2022 година. Со почит, Македонска Риболовна Федерација

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk

РАБОТНО ВРЕМЕ

Работно време на МРФ

понеделник - петок

07:00 - 15:00