ИЗВЕСТУВАЊА

На ден 02 и 03.05.2015 година од страна на Комисијата за помош при заштита на рибниот фонд ( Државна риболовна контрола ) беше спроведена акција во која беа спроведени контроли на реката Брегалница од селото Дурфулија до вливот во реката Вардар, контрола на реката Брегалница кај вливот на Злетовска река како и контрола на акумулацијата Калиманци.
Почитувани,Македонската риболовна федерација (МРФ) ги известува сите концесионери на риболовните ревири и рекреативните зони во Р. Македонија дека е формирана Комисија за помош при заштита на рибниот фонд која е составена од членови на Управниот одбор на МРФ како и надворешни членови.Целта и задачите на комисијата се:• да осмислува, организира и практично да пружа помош при заштитата на рибите од риболовните ревири и рекреативните зони.• да пружа помош при вршење контрола на рекреативниот риболов на риболовните ревири и рекреативните зони• да врши контрола на спроведувањето на одредбите од Статутот и одлуките на УО на МРФ од страна на концесионерите (членки на МРФ) на риболовните ревири и рекреативните зони.• да врши оспособување и едукација на овластените рибочувари и контролори преку организација…
На 19.04.2015 во конгресната сала во С.Ц. Борис Трајковски се одржа годишното собрание на Македонска Риболовна Федерација. На собранието беа присутни претставниците на повеќето риболовни здруженија, како и гости од МЗШВ, ДИЗ и Град Скопје. На собранието беа доделени повеќе благодарници и плакети за добра соработка со наведените институции, а беше одржана и презентација за завршените проекти финансирани од ГЕФ, за реинтродукција на македонската пастрмка и заштита на вретенарот. Во прилог е галерија со фотографии од настанот. Бистро
Почитувани,Ве известуваме дека 32- рата Седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација ќе се одржи на 19.04.2015 година во спортската сала Борис Трајковски со почеток во 11.00 часот во Скопје.Делегати со право на глас имаат риболовните здруженија, членки на федерацијата кои ја имаат подмирено членарината за 2014 година до денот на одржувањето на Собранието.
Во прилог е првиот дел од емисијата РИБАРСКА ВИСТИНА - Втор државен мушичарски куп на Македонија, снимена од страна на Радован Димитриевски.
Почитувани,Ве известуваме дека 32- рата Седница на Собранието на Македонска Риболовна Федерација закажана на 29.03.2015 година на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје ( нас. Автокоманда ) со почеток во 11.00 часот се одложува за 19.04.2015 година во спортската сала Борис Трајковски со почеток во 10.00 часот во Скопје.
Почитувани, Македонската Риболовна Федерација ги поканува сите заинтересирани мушичари да се пријават на престојниот државен мушичарски куп “Шум 2015“, кој ќе се одржи на езерото Шум во близина на Струга на 05.04.2015 Пријавувањето и поднесувањето на документи за спортска легитимација е до 30.03.2015. Пријавувањето може да го вршите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку вашите матични здруженија. Подетални информации може да прочитате во Програмата за државниот мушичарски куп на линкот подолу. Бистро!
Почитувани, Ве известуваме дека МРФ ќе започне со издавање на маркици и легитимации за 2015 година во текот на следната недела. Во прилог е известувањето за легитимациите, како и единечен и групен евиденциски лист во ворд формат. Бистро!

 

ЖИРО СМЕТКА

Македонска риболовна федерација

Ж-сметка: 3000000001910-29

Депонент: Комерцијална Банка

СПОРТСКА СМЕТКА

МРФ Скопје спорт

Ж-сметка: 3000000032550-65

Депонент: Комерцијална Банка

КОНТАКТ

Булевар Кочо Рацин бр. 75
1000 Скопје, Македонија
Тел: +389 2 3164 539
Факс: +389 2 3164 509
Е-пошта: contact@mrf1952.mk